Хуманистичка Школа
Дали имате љубов кон одредена тема? Сакате самостојност и флексибилност при учењето? Добредојдовте во нашата неформална едукативна иницијатива „Хуманистичка школа“ (подолу во текстот само како „Хуманистичка школа“) каде сето тоа е возможно! Правилниот начин на искористување на информациите, правилното дишење, движење и исхрана, филозофија, технологија, методика на игра, менаџмент на знаење, се само дел од темите за кои зборуваме.
Се стремиме како од филозофски така и од духовен аспект, на што е можно поедноставен, разбирлив начин, да пристапиме кон изучување на оние работи кои се клучни за подигнување на свеста и откривање на вистината.
Бенефитот од самостојното учење е поттик за манифестација и реализација на вашата животна мисија, како и нашата за која сме дојдени. Ние сме местото каде истражувањата можат да започнат!
Белешка
Во моментов нашата „Хуманистичка школа“ го прикажа првиот курс од програмата за самостојно учење кој можете да го разгледате тука. Одвреме-навреме посетувајте ја оваа статија, а воедно и самата веб платформа доколку сакате да бидете во тек со сите новости и новo достапни курсеви.
За курсевите
На нашата веб платформа можете да ги разгледате онлајн курсевите во делот: Области → Школа → Курсеви. Најгоре, пред листата со курсеви, се наоѓаат три опции: филтер, инфо и поддршка, каде со нивно кликнување ќе можете да ја филтрирате целата листа и да ги прикажете само оние курсеви за кои сте најмногу заинтересирани, да го дознаете вкупниот број на курсеви и активни предавачи и да добиете информации за поддршка доколку сакате да поддржите.
Чекорите за да започнете со некој од курсевите се многу лесни. Најпрвин е потребно да се одлучите дали сакате да поддржите (препорачан придонес со кој директно давате поддршка на оваа едукативна иницијатива) или бесплатно да проследите некој курс.
Добиените сертификати и потврди се дел од програмата за самостојно учење, креирана од „Хуманистичката Школа“ како алтернатива на класичниот пристап кон учењето.
За оние кои поддржуваат
Најпрво, за да добиете пристап до некој од курсевите од „Хуманистичката Школа“, потребно е да аплицирате преку овој формулар за заинтересираност во истакнатиот период кога се отворени пријавите. Периодот за слободно аплицирање е истакнат на почетокот од листата со курсеви во: Области → Школа → Курсеви.
Во формуларот ги внесувате вашите основни податоци и го селектирате курсот за кој сте заинтересирани. Со испраќање на формуларот, вашата апликација се обработува и ние ве контактираме по е-пошта во рок од 2 до 3 работни дена. Преку таа е-пошта ќе добиете инструкции за:
- извршување на поддршка со препорачан придонес;
- датумот кога ќе добиете пристап до курсот;
- упатства како да се најавите на платформата EnigmaLearn.
Информации за периодот на апликација
Пријавите се отворени во точно дефиниран временски период (можете да проверите во Области → Школа → Курсеви).
Максималниот број на апликации кои се прифаќаат во дадениот период е 30. Ова е поради безбедност, одржливост и стабилно функционирање на платформата.
Како добивате пристап до курсот
- Аплицирате преку формуларот;
- Доколку сте меѓу првите 30, добивате е-пошта со инструкции;
- Ја поддржувате иницијативата со препорачан придонес (и ни праќате слика од уплатницата);
- Ние ви испраќаме линк и објаснување за пристап до платформата;
- Пристапувате до курсот на EnigmaLearn и учите според сопствено темпо.
Бесплатен пристап?
За сите оние кои се одлучиле за бесплатниот пристап до материјалите од некој курс потребно е само да воспоставите директен контакт со нас преку нашата е-пошта: enigma.vizija@gmail.com. Треба да ни дадете кратко образложение и причина зошто сакате да го проследите курсот. Заедницата е тука да ви помогне и да ве обезбеди со материјалите. Веруваме дека учењето треба да биде достапно за секого!
Добивање на сертификат
Курсевите кои се овозможени од „Хуманистичката школа“ и се поддржани од страна на УНАП се дел од програмата за самостојно и континуирано учење. Тоа значи дека едукативната содржина е веќе снимена, напишана и креирана во целост, а со вашето започнување со некој курс ќе можете да имате пристап до тие материјали и самостојно да го проследите целиот курс. За сите хумани кои ја поддржуваат оваа иницијатива со препорачан придонес (или со онолку колку што можат), на крајот пополнуваат кратка форма за проценка на знаењето (истата е дел од самиот курс) каде одговараат на одредени прашања кои се однесуваат на материјалот кој го проследиле.
Откако таа форма ќе биде испратена до нас, а испраќањето се изведува едноставно само со кликнување на копчето ИСПРАТИ, во најкраток можен рок (од 2 до 3 работни дена) чим се процесираат податоците го добиваат сертификатот заедно со потврдата за поминатиот курс на нивната е-пошта, а истовремено се водат и во системот за верификација преку кој нивниот сертификат е верификуван.
За повеќе информации околу сертификатите прочитајте во:
Области → Школа → Сертификати
Програма за самостојно учење
Живееме во свет каде сè се одвива со брзина на светлината и сите пробуваат да го фатат ритамот на животот, а најхрабрите се обидуваат дури и да заиграат на тоа темпо. И покрај сите обврски и занимања, секој од нас треба да се одржува како физички така и психички и да се стреми кон нови истражувања, стекнување на нови знаења и учење на нови вештини. Затоа постои ваквата програма за самостојно учење која ви дозволува во ваше време, кога вие најмногу можете, да проследите некое предавање на тема која вас најмногу ве привлекува.
Самостојно континуирано учење е процес низ кој единката поминува сама т.е самостојно во проследување на веќе постоечкиот едукативен материјал, пазливо следејќи ги сите модули кои се дел од силабусот на курсот и решавајќи ги сите интерактивни прашања и квизови за самостојно вежбање.
Постојаното надоградување ве прави похрабри, насмеани, развеселени, а добиените сертификати го збогатуваат вашето резиме и вашиот углед пред другите. Оној кој што вложува постојано во своето знаење го има потенцијалот да стане уште подобра верзија од самиот себе, да управува со кормилото на својот живот и да биде пример и слика за другите.
Често поставувани прашања
Кликни на прашањето за да го прочиташ одговорот!
Како да започнам со некој курс?
Курсевите може да се разгледаат од листата на курсеви, а доколку се кликне на некој курс детално може да се прочитаат сите информации во врска со силабусот и начинот за започнување.
- Одбирате курс од листата со курсеви.
- Доколку се одлучите за пристап со препорачан придонес потребно е да аплицирате со пополнување на овој формулар. По аплицирањето ќе добиете инструкции за следни чекори на вашата е-пошта.
- Доколку се одлучите за бесплатно проследување на курсот стапувате во контакт со нас преку е-пошта: enigma.vizija@gmail.com со образложение и кратко претставување за да добиете линк до курсот во скратена форма.
Во најкраток можен рок (од 2 до 3 работни дена) чим се процесираат податоците ќе исконтактираме со вас преку е-пошта.
На следниов линк можете да ги видите едноставните чекори за започнување.
Дали оваа школа е официјално регистрирана?
Дали е морално да се изрази поддршка со 1.000 денари за курс?
Дали можам да добијам курс бесплатно?
Секој курс има и своја бесплатна верзија, достапна за оние кои немаат можност да поддржат со препорачан придонес. Оваа верзија ги содржи основните содржини, но не вклучува дополнителни материјали и сертификат.
На кој начин се проследуваат курсевите?
Сите курсеви кои се дел од програмата за самостојно учење, се следат преку платформата EnigmaLearn.
- Ако одлучите да поддржите со препорачан придонес, најпрвин аплицирате преку формуларот за заинтересираност за некој од курсевите. Потоа ќе ве контактираме преку е-пошта со детални информации за да ја подржите оваа иницијатива. А, откако ќе ни ја испратите сликата од уплатницата ќе можете да пристапите до курсот.
- Ако не сте во можност да поддржите, доволно е да стапите во контакт со нас преку нашата е-пошта enigma.vizija@gmail.com, да се претставите и накратко да ни кажете зошто сакате да го следите курсот. Ќе ви испратиме пристап до скратена верзија од курсот со сета почит и разбирање.
Што се случува откако ќе ја испратам кратката форма?
До кога имам пристап до материјалите?
Што ќе се случи ако долго време не ја испратам формата?
Што значи тоа дека сертификатот е верификуван?
Верификуван сертификат е оној чии податоци запишани на сертификатот се поистоветуваат со истите податоци што се наоѓаат на нашата платформа за верификација. Секој може да провери дали сертификатот е верификуван со едноставно скенирање на QR кодот кој се наоѓа на самиот сертификат кој води директно до платформата за верификација.
Прочитајте повеќе за сертификатите и нивното верификување на следниот линк.
Како да се регистрирам на EnigmaLearn?
Регистрацијата се врши автоматски од наша страна.
- Откако ќе го пополните формуларот со вашите податоци, ние ќе ве додадеме на платформата, а потоа само со користење на вашата е-пошта ќе можете да пристапите. Без тешки регистрации и без профили!
- За оние кои побарале бесплатен пристап, по контактот со нас преку е-пошта, ние ќе ви ги испратиме линковите.