📕 СПИСАНИЕТО E ДОСТАПНО КЛИКНЕТЕ ТУКА.
Политика за приватност

Политика за приватност

Последен пат обновено на 08.01.2026

Следнава статија се однесува на употребата и заштитата на личните податоци собрани преку платформите и иницијативите поврзани со „Хуманистичкото движење и иницијатива - ЕНИГМА“ (подолу во текстот само како ЕНИГМА). Со пристапување до платформата, корисникот се согласува со условите наведени подолу.



1. Општи напомени

ЕНИГМА нуди содржини и активности со неформален, хуманистички и едукативен карактер, во некои случаи преку модел на поддршка со препорачан придонес. Приватноста на крајните корисници е важна и секогаш се настојува да се заштитат сите чувствителни информации.

Со пристапување и користење на оваа веб-платформа, крајниот корисник потврдува дека ја прочитал, разбрал и се согласува со оваа политика за приватност и начинот на нејзина примена од страна на ЕНИГМА.

Доколку не се согласувате со овие услови, Ве замолуваме да се воздржите од користење на веб-платформата и нејзините содржини.

2. Видови податоци што се собираат

  • Основни податоци за контакт - име, презиме, е-пошта, населено место, кога корисникот аплицира за курс, членство или учество.
  • Документи и слики - на пример, уплатници при поддршка или потврди за положени испити при зачленување во УНАП.
  • Автоматски собрани податоци - Статистика преку алатки како Formsubmit или алтернативен формуларен сервис (без cookies или следење преку трети страни).

3. Намена на употреба

Собраните податоци се користат исклучиво за:

  • Комуникација со корисникот;
  • Потврдување и издавање на сертификати (само за оние што следат курс);
  • Организација на активности и водење евиденција за изразена поддршка;
  • Верификација на учество преку кодирани записи, без да се откриваат имиња јавно.

НИКОГАШ не се продаваат, дистрибуираат или споделуваат податоци со трети страни, освен со експлицитна дозвола од самиот корисник.

4. Сертификати и персонализирани кодови

Секој корисник кој успешно поминал курс добива сертификат со уникатен код. На страницата за верификација се споделуваат само тие кодови, без лични податоци.

5. Препорачана поддршка

За потврда на препорачаните поддршки, корисниците испраќаат слика од уплатницата. Податоците се чуваат само локално и се користат за внатрешна организација на ЕНИГМА.

6. Заштита и безбедност

Платформата користи HTTPS протокол за безбеден пренос на податоци. Бидејќи страницата е статична (HTML/CSS/JS), не се чуваат лични податоци на сервери, ниту се користат cookies.

Иако преземаме разумни мерки за безбедност, важно е да се има предвид дека ниту една интернет-комуникација не може да понуди апсолутна гаранција за сигурност. Затоа, ЕНИГМА не презема целосна одговорност за можни ризици надвор од нејзина контрола.

7. Малолетни корисници

Лица под 15 години не треба да ја користат платформата без дозвола и надзор од родител или старател. ЕНИГМА свесно не собира податоци од малолетни лица.

8. Промени и ажурирања

Политиката за приватност може повремено да се ажурира. Со продолжено користење, корисникот се согласува со сите нови измени. Датумот на последна промена ќе биде наведен на почетокот од документот.

9. Контакт

За какви било прашања поврзани со приватноста, контактирајте нè преку официјалната е-пошта наведена во делот Контакт.