Сертификати
Дали сертификатот е веродостоен?
Вредноста на сертификатите кои се добиваат преку курсевите од неформалната едукативна иницијатива „Хуманистичка школа“ се основа според четири критериуми:
-
Квалитет: Сите онлајн курсеви се поддржани од УНАП, нашата независна заедница од дипломирани професори во различни области, која игра главна улога во создавањето на професионалниот едукативен материјал за курсевите и во самата поддршка на едукативниот процес.
-
Верификација: Секој сертификат е верификуван и содржи посебен QR код и идентификатор. Со нив можеме да потврдиме дека сертификатот е издаден за лицето кое го поседува. Дополнително, сертификатот содржи потпис и дигитален микро запис кои гарантираат поголема безбедност и автентичност.
-
Етичност: Сертификатите се издаваат според стандардот EVS (Ethical Verification Standard) – отворена хуманистичка рамка која го признава неформалното учење, личниот труд и искреното учество. EVS гарантира дека секое признание се темели на вредности: одговорност, транспарентност и човечка посветеност.
-
Важност: Доколку темата и едукативниот материјал од курсот се релевантни за вашата кариера и интереси, овој сертификат може да биде значајно дополнување на вашите постигнати квалификации и да го подобри вашето резиме.
Кога го добивам сертификатот?
Најпрвин треба да ја поминете едукативната содржина која е дел од модулите (секој курс има различен број на модули), а потоа последниот чекор е пополнување на кратка форма за проверка на знаењето. Сертификатот се добива само доколку ја пополните и испратите формата со кликнување на копчето „ИСПРАТИ“, а целата таа процедура е лесно изводлива со помош на нашата платформата EnigmaLearn преку која се проследуваат и самите курсеви. За други често поставувани прашања имаме одговорено во делот: Области → Школа → Информации.
Верификација
Под поимот верификација се подразбира потврда или потврдување на веќе оствареното учење и целосно поминување на материјалите кои се дел од курсот. Преку скренирање на QR кодот кој се наоѓа на левиот долен агол кај сертификатите лесно можете да дојдете до пристап на веб платформата за верификација EnigmaVerify која е посебно наменета само при верификување на курсеви кои се овозможени од неформалната едукативна иницијатива „Хуманистичка школа“, а на тој начин можеме да утврдиме дали некој ја кажува вистината кога тврди дека поминал курс.
- Името, презимето и датумот на раѓање се користат за изработка на сертификатот каде истите се таму запишани;
- Иницијалите од името и презимето и некоја буква од местото на живеење во комбинација со други хеширани броеви се користат за креирањето на персонализираниот код на личноста;
- Вашата е-пошта се користи за контакт и за испраќање на сертификатот и потврдата.
Само персонализираниот код и основни информации (назив на курс, датум на верификување…) е јавно прикажан на веб страницата за верификација со што идентитетот на лицето и неговите лични податоци се заштитени.
Верификување
Процесот за верификација започнува со скенирањето на QR кодот кој води директно до платформата EnigmaVerify. Доколку сертификатот е дел од архивата на ЕНИГМА ќе биде тоа јавно истакнато, како и самиот персонализиран код на лицето кое го проследило предавањето или курсот и основни информации за курсот. А, за детални информации ќе биде потребно да се впише HASH код кој само лицето кое го поминало курсот го има, а истиот го добива заедно со потврдата. Доколку HASH кодот е точен само тогаш ќе се прикаже името на лицето и статусот на верификација.
Доколку податоците од платформата се поистоветуваат со оние запишани на сертификатот и потврдата тоа значи дека верификувањето е извршено правилно.
За дополнителна проверка може да се направи и локално со издадената потврда. На потврдата е запишан дигиталниот микро запис кој се наоѓа и во самиот сертификат. Овој микро запис може да се прочита од сертификатот само со дигитално зумирање, користење на лупа или слични алатки. Доколку записот на сертификатот е подеднаков со оној на потврдата, тоа значи дека сертификатот е валиден.