Услови на употреба
Последен пат обновено на 08.01.2026
Добредојдовте на веб платформата која е во сопственост на „Хуманистичкото движење и иницијатива - ЕНИГМА“ (подолу во текстот само како ЕНИГМА). Со користењето на оваа веб платформа и различните содржини и ресурси кои што ЕНИГМА ги нуди Вие се согласувате на условите на употреба кои се дефинирани подолу.
Доколку не се согласувате со овие услови, Ве замолуваме да се воздржите од користење на веб-платформата и нејзините содржини.
СОПСТВЕНОСТ
Оваа веб-платформа, нејзината структура и функционалност, како и дел од нејзината содржина се развиени и одржувани од иницијативата ЕНИГМА.
На страницата enigma.codeberg.page дел од содржината (вклучувајќи текстуални информации, јавни скрипти, pdf материјали, едукативни видеа и линкови кон надворешни извори) е слободно достапна за јавноста и објавена под отворени лиценци, првенствено Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International (CC BY-NC-SA 4.0), со цел да се овозможи учење, инспирација и информирање.
Сепак, следниве содржини и ресурси не се јавно достапни и се со ограничен пристап:
- Курсеви и едукативна содржина хостирана на платформата EnigmaLearn, до кои пристап се добива по претходна комуникација или препорачана поддршка;
- Дополнителни ресурси, вежби, тестови, аудио/видео прилози и материјали наменети исклучиво за оние кои следат некој курс со препорачан придонес;
- Потврди и сертификати издадени од иницијативата ЕНИГМА;
- Било какви ресурси што се дел од директна, индивидуализирана или ограничена едукациска поддршка.
Правата за овие ресурси се во целосна сопственост на ЕНИГМА и не е дозволено нивно копирање, препраќање, објавување, препродажба, или користење надвор од предвидениот образовен контекст без претходна писмена дозвола.
Исто така, авторските изданија промовирани во делот Книжевно Созвездие → Библиотека остануваат во авторска сопственост на поединечни автори или издавачки куќи и нивно репродуцирање, дистрибуција или пренесување е забрането без експлицитна дозвола.
КОРИСТЕЊЕ
Со пристапување и користење на оваа веб-страница, се согласувате дека:
- Имате наполнето најмалку 15 години;
- Ќе постапувате етички при користење на информациите и ресурсите;
- Ќе ги почитувате овие услови на употреба;
- Нема да се обидувате да нанесете техничка или правна штета врз платформата;
- Содржината и кодот што се јавно достапни, ќе ги користите исклучиво за лична употреба, истражување, учење, информирање или како пример/референца;
Не смеете да копирате, дистрибуирате или репродуцирате целосни делови од платформата (вклучувајќи дизајн или структури) за создавање други слични проекти без дозвола.
ЛИЦЕНЦИ
Содржина:
Текстуалната, визуелната и мултимедијалната содржина на оваа веб платформа (освен каде што е поинаку наведено) е достапна под лиценцата Creative Commons BY-NC-SA 4.0.
Ова значи дека:
- Може да ја користите, споделувате, адаптирате и преработувате;
- Мора да нè наведете како извор: „Извор: ЕНИГМА (enigma.codeberg.page)“;
- Не смеете да ја користите во комерцијални цели;
- Мора резултатот од вашата работа да го споделите под иста лиценца.
Изворен код:
Изворниот код (HTML, CSS, JS и други програмски ресурси) објавен преку Codeberg е лиценциран под
GNU Affero General Public License v3 (AGPLv3).
Ова значи дека:
- Може да го користите, менувате и адаптирате;
- Ако создадете јавно достапна верзија (пр. ваша веб-страница), морате да го објавите и вашиот изворен код под иста лиценца;
- Морате да наведете дека дел од кодот потекнува од овој проект и да поставите линк до оригиналното гит складиште: codeberg.org/Enigma/main-web.
СТАНДАРДИ
ЕНИГМА применува сопствени отворени и хуманистички стандарди (ABSN, eCIP, HDS, LRS и EVS) за означување, структурирање и верификација на дела, документи и едукативни процеси во дигиталниот простор.
Со користење на содржини што ги носат овие ознаки, корисниците се согласуваат:
- да ги користат материјалите во согласност со хуманистичките вредности;
- да не ги комерцијализираат без согласност од авторот, при што делото мора и понатаму да биде достапно на начин што го почитува неговиот оригинален етички карактер (слободен пристап или препорачан придонес);
- да не ги менуваат или пренаменуваат содржините на начин што ја нарушува нивната оригинална цел.
Секој од овие стандарди има јавно достапна страница со опис, насоки и препораки за употреба. За повеќе информации, посетете го делот од страната за СТАНДАРДИ.
ПРИСТАП
ЕНИГМА го задржува правото да одбие пристап или понатамошна интеракција со платформата, содржините или ресурсите, доколку процени дека некое однесување е спротивно на нејзините вредности, цели или етички насоки.
Крајниот корисник признава дека можни се технички пречки или околности надвор од контрола на ЕНИГМА, поради кои информациите можат да не пристигнат или да не бидат обработени навремено. Иницијативата се стреми кон постојана достапност на платформата и ресурсите (24/7), но сепак можни се привремени прекини, вклучувајќи (но не ограничено на) рутинско одржување, технички проблеми или други надворешни фактори.
Вие разбирате и прифаќате дека, во одредени ситуации, пристапот до веб-страницата или некои од нејзините функционалности може да биде привремено ограничен или недостапен.
ИЗМЕНА
ЕНИГМА го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од условите на користење и/или од политиката за приватност доколку смета дека е неопходно. Таквите промени може да вклучуваат, меѓу другото, ажурирање на информации, промена во содржински записи итн.
Доколку ЕНИГМА прави било какви суштински промени за истите ќе бидете известени преку веб страницата или преку социјалните мрежи пред тие промени да стапат на сила. Доколку поради било кои причини повеќе не се согласувате со новите промени на условите на користење и/или политиката за приватност, тогаш едноставно престанувате со користењето на содржината и посетувањето на оваа веб страница.
КОДЕКС
Вашето етичко и човечно однесување е од суштинско значење при користење на оваа веб платформа и при комуникација со неа. Со пристапување до содржините и воспоставување контакт преку електронска пошта, Facebook, Signal или други канали, Вие се согласувате да се однесувате со почит, одговорност и во согласност со наведените услови на користење.
ЕНИГМА ги задржува авторските права за сопствените оригинални содржини: текстови, видеа, аудио записи, визуелни материјали, документи и други објави. Слично, задржано е и правото на споделениот изворен код, кој може да се користи само во согласност со лиценцата наведена во соодветните делови (AGPLv3 и CC BY-NC-SA 4.0).
Секој обид за неовластено користење, репродукција или дистрибуција на овие содржини спротивно на лиценците или без јасна дозвола може да претставува прекршување на авторски права, со што се отвора можност за соодветни реакции.
БЕЗБЕДНОСТ
ЕНИГМА ја сфаќа безбедноста на податоците со најголема сериозност, особено кога станува збор за објавување и споделување, воспоставување интеракција, верификација на курсеви, како и за сертификатите доделени преку неформалната едукативна иницијатива од ЕНИГМА. Секој издаден сертификат содржи персонализиран код генериран само од следните податоци:
- иницијалите на лицето кое го проследува курсот или предавањето,
- една буква од местото на живеење,
- датумот на издавање на сертификатот,
- и името на курсот или предавањето.
Сите овие се комбинирани и дополнително хеширани со случајни броеви или букви.
Со користење на платформата и учество во едукативните активности, Вие се согласувате на овие услови и дозволувате обработка на минимални податоци потребни за формирање на персонализираните безбедносни кодови. Овие кодови се објавени само на веб-страницата за верификација, со цел проверка на валидноста на издадениот сертификат, без откривање на вашиот идентитет.
ЕНИГМА не користи обемни бази на податоци за корисниците. Наместо тоа, применува принципи на минимална обработка на податоци и локално чување за интерна организација, секогаш почитувајќи ја вашата приватност и анонимност.
За повеќе информации, ве охрабруваме да ја прочитате статијата Политика за приватност.
ИНТЕРАКЦИЈА
Доколку некој сака да воспостави контакт со ЕНИГМА, особено при започнување со некои курсеви, учество во проекти и за некои од другите активности или иницијативи, истото го изведува преку е-пошта или директно преку социјалните мрежи. Вие се согласувате дека информациите кои ги користите, како што се: име, презиме, е-пошта и др. се навистина ваши и самите одговарате на таа веродостојност и ваша претставителност.
Разбирате и прифаќате дека за воспоставување било каков контакт со ЕНИГМА го користите вашето вистинско име и презиме кои се запишани на вашата е-пошта или социјалните профили за полесна меѓусебна идентификација и понатамошна комуникација. Вие се согласувате дека секоја комуникација која ви е пренесена по електронски пат е исто како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ.
ГАРАНЦИЈА
Крајниот корисник се согласува дека користењето на оваа веб платформа е исклучително под негова одговорност.
Ниту ЕНИГМА, ниту пак, учесниците во активности, соработниците, надворешните членови, не гарантираат постојана беспрекорна и безгрешна функционалност за платформата, содржината, ресурсите или пак за било која друга информација или понуда.