Периодот за слободно аплицирање ќе биде истакнат на почетокот од листата со курсеви во: Области → Школа → Курсеви.
Со испраќање на формуларот, вашата апликација се обработува и ние ве контактираме по е-пошта во рок од 2 до 3 работни дена. Преку таа е-пошта ќе добиете инструкции за:
- извршување на поддршка со препорачан придонес;
- датумот кога ќе добиете пристап до курсот;
- упатства како да се најавите на платформата EnigmaLearn.
Сите курсеви имаат препорачан придонес од 1.000 денари. Сепак секоја поддршка без разлика колку помала или поголема е добредојдена.
Важно за хуманите кои поддржуваат:
По завршување на курсот и пополнување на кратката форма за проверка на знаењето, ние веднаш ќе бидеме известени.
Ќе ви испратиме верификуван сертификат и потврда на вашата е-пошта, најдоцна во рок од 2 до 3 работни дена.
Не можете да изразите поддршка во моментов?
Тоа не е проблем! Контактирајте нè на enigma.vizija@gmail.com и накратко опишете зошто сакате да го проследите курсот. Заедницата е тука да помогне, затоа што учењето треба да биде достапно за секого!