Кодберг хостинг
Последен пат обновено на 08.01.2026
Хостирањето на платформата е тесно поврзано со Codeberg, место каде кодот живее на сопствено гит складиште (git repository). Одлуката за користењето на оваа платформа ја направивме за да можеме да бидеме максимално транспарентни со нашите корисници и посетители.
Eтички и автентичен пристап во веб присуството. Дигитална слобода на дело!
Преглед на активностите
Енигма има свој профил на Codeberg, каде што секој може да ги прегледа:
- Сите промени поврзани со кодот
- Историјата на развој
- Тековните задачи и следните чекори
Ова е особено корисно за:
- Љубопитни корисници
- Програмери кои сакаат да разгледаат како работи платформата
- Почетници кои сакаат да учат од реален код
Соработка и предлози
Ако имаш идеја, замисла или предлог, можеш да ни пишеш преку Codeberg со отворање на ново прашање (issue):
- Користи ознака question за предлог или идеја
- Користи ознака bug доколку забележиш проблем, грешка или нефункционално копче
Корисни линкови
Зошто користиме FOSS и Codeberg?
Нашата платформа се заснова на принципите на Free and Open Source Software (FOSS) - слободен и отворен софтвер кој им овозможува на сите да учат, користат, менуваат и споделуваат технологии без ограничувања.
Codeberg е пример за етичка и бесплатна платформа за хостирање код, која ја вреднува приватноста и слободата на корисниците. Со користењето на Codeberg:
- Ги избегнуваме скапите домени и хостирање, овозможувајќи ни да се фокусираме на развојот и квалитетот на содржините;
- Користењето на бесплатниот поддомен (на пр. име.codeberg.page) не само што е практично и безбедно, туку и помага да се промовира самиот Codeberg како доверлива и отворена алтернатива на комерцијалните хостинг услуги.
- Ги поддржуваме отворените стандарди и заедниците кои промовираат транспарентност и соработка;
- Ви овозможуваме вам, нашите корисници, целосен увид и слобода да разгледате, користите и допринесете во развојот на проектот;
Покануваме и други поединци и организации да се приклучат кон ова движење, користејќи отворени платформи и алатки кои ја штитат вашата слобода и приватност. Слободата во дигиталниот свет е можност, но и одговорност, а ние со гордост ја браниме и градиме заедно со вас.
Транспарентноста не завршува со кодот, таа тука започнува.
Нашата работа е отворена, следлива и достапна за секого.