Аудио продукција со дигитална слобода: Микс и мастер на Linux
Суверенитет
Верувам дека музиката треба да биде слободна – не само како емоција, туку и во начинот на кој е создадена. Затоа, мојот процес на микс и мастеринг го работам исклучиво на Linux, користејќи моќни FOSS (Free and Open-source) алатки. – Никола Дио
Зошто е ова важно за твојот звук?
- Чиста технологија: Без непотребен комерцијален софтвер, се фокусираме на суровиот квалитет на звукот.
- Етичка продукција: Поддржувам отворен софтвер и алатки кои овозможуваат заедницата да напредува.
- Уникатен потпис: Користењето на специфични алатки дава карактер на звукот кој се разликува од стандардните ‘MAINSTREAM’ продукции.
Твоето дело заслужува професионален третман низ призмата на дигиталната слобода. Можеш да ме ангажираш за средување на твоја песна преку линкот подолу каде ти одлучуваш со колкава поддршка ќе пристапиш! Доколку сакаш да работиме на повеќе песни (ЕП или АЛБУМ) тогаш запиши го бројот на песни во полето Quantity. (вредноста на вашата поддршка се зголемува со секоја нова песна).