Универзумот зборува
Електронско списание на креативноста и хуманоста
„Универзумот зборува“ е ново електронско списание што од 2026 година го отвора својот простор за сите кои сакаат да раскажуваат, истражуваат и творат. Проектот е посветен на инспирирање на креативни души и поддршка на уметници, писатели, активисти и хуманитарци преку интервјуа, авторски прилози и тематски рубрики.
Нашата мисија е да бидеме глас на универзумот кој секојдневно нè потсетува дека зборот, идејата и добрината имаат моќ да менуваат светови. Со ова списание нудиме простор за автентични гласови и оригинални приказни, хуманост, уметност и инспирација сплотени во еден космички глас.
Поддржи ја хуманоста и стани дел од нашата иницијатива!
Со секоја препорачана поддршка за ова е-списание, вие не само што добивате примерок, туку:
- Директно го поддржувате независното дејствување и мисијата на ЕНИГМА;
- Промоција на трудот на уметниците и креативците чии приказни ги читате;
- Придонесувате за заедница изградена од срце и искрена намера;
- Станувате дел од „Ѕидот на благодарноста“ како наш траен знак на почит.
Нивоа на препорачана поддршка:
- ОСНОВНА ПОДДРШКА – 200 ден.
Почесен поддржувач
- Пристап до PDF верзијата на списанието
- Бронзена дигитална благодарница
- СТАНДАРНА ПОДДРШКА – 250 ден.
Чувар на хуманоста
- Пристап до PDF верзијата на списанието
- Сребрена дигитална благодарница
- Впишување на вашето име на Ѕидот на благодарноста
- ПРЕМИУМ ПОДДРШКА – 300 ден.
Хуманитарен визионер
- Пристап до PDF верзијата на списанието
- Златна дигитална благодарница
- Впишување на Ѕидот на благодарноста + Ексклузивен поздрав во следниот број
Како да го добиете вашиот примерок?
За да го добиете вашиот примерок, потребно е да го пополните формуларот за пристап. По испраќањето, веднаш на вашиот екран ќе видите сино копче на кое пишува „Преземи го списанието“. Кога ќе кликнете на него ќе можете да го селектирате нивото на поддршка и да кликнете на „Add to cart“ (додади во корпа) при што потоа ја запишувате вашата картичка (MasterCard или VISA) и кликате на „PAY“. Веднаш го добивате списанието, а во текот на истиот ден до вашата е-пошта ќе биде испратена персонализираната благодарница.
Важно
Иако износите се во долари, конверзијата е автоматска - вие поддржувате со ДЕНАРИ од вашата картичка, без дополнителни провизии.
Сакате да бидете интервјуирани во списанието?
Ако сте хуманист, уметник, активист, писател или творец кој има приказна што вреди да се слушне — слободно контактирајте ја Софија. Таа со љубов ќе ве води низ процесот на создавање на вашиот прилог.