Софија Петковска
Софија Петковска е родена на ден 18.09.1991, во Скопје, каде и ден денес живее и работи. По професија е дипломиран педагог. Таа е професор, рецензент, писател, координатор на хуманитарниот проект со книга ТВОРИ-ЧИТАЈ-БИДИ ХУМАН и уредник на електронското списание УНИВЕРЗУМОТ ЗБОРУВА.
Автор на книгите
- Поетски нежности
- Едно слонче со црвено балонче
Координатор на антологиите
- Снежни стихови
- Шепотот на љубовта
- Песочен часовник
- Херој
- Танцот на стихиите
Ко-автор во антологиите
- Црно белиот бал на цвеќето на мирот
- Потпелистерски шепотења
- Замрзнати поеми
- Меѓународен поетски фестивал Литературни искри 2022
- Поетски Алманах
- Стихувалки 2023
- Стихувалки 2025
- Различни светови
- Zagrli me stihom 1 и 2
Од 2022 година Софија е дел од жири комисија, претставничка на Македонија во меѓународниот поетски фестивал “Прегрни ме со стих“, „Zagrli me stihom“ (во оригинал), фестивал од натпреварувачки карактер, организиран од страна на писателот Расим Рале Гутиќ од Црна Гора. Ангажманот сѐ уште трае, со тоа што од 2024 година таа станува и ментор на авторите кои влегуваат во супер финалето ,,Elite".
Учествувала и сѐ уште учествува на многу литературни конкурси и манифестации за кои има добивано многу награди и признанија, како во земјава, така и во странство. Нејзините стихови може да се прочитаат и на нејзината официјална фејсбук страница Поезија на Софија.
За неа и нејзиното творештво имаат пишувано списанието Портрет, дневниот весник Вечер, како и веб-страниците „Жена на жена“ и „Рингераја“, а песните се споделувани и на книжевните блогови „Крајбрежје“ и „Светулка“. Има гостувано во ТВ Канал 5, ТВ Сонце, ТВ 24, радио Мост и МТВ.