
Енигма е хуманистичко движење и иницијатива што обединува различни области во еден сеопфатен и општествено ориентиран екосистем. Нашата цел е да создадеме платформи, дигитални алатки и активности кои се фокусирани на едукација, хуманитарна поддршка, личен развој и на поттикнување самостојно творештво и објавување со етички и транспарентни стандарди.
Во рамки на Енигма, поддржуваме независно издавање на книги, скрипти и други творечки дела преку отворени формати и системи што се достапни за секого. Дел од оваа мисија се и нашите хуманистички стандарди (ABSN, eCIP, EVS и HDS) кои овозможуваат делата да бидат препознатливи, транспарентно структурирани и заштитени со вредносна рамка.
Овој екосистем е збир од поврзани иницијативи, содржини и заедници, насочени кон една мисија: да се создаде простор каде што идеите добиваат поддршка, а креативноста станува акција. Сето ова е дел од нашата Просветителска Мисија – да поттикнеме култура на знаење, самостојност и хуманост преку учење, објавување и споделување ресурси за доброто на сите.
ЛИЧНО ОБРАЌАЊЕ
Помогни ни и ТИ да продолжиме да градиме знаење и да помагаме преку хуманост!
Енигма е независна творечка мисија, која се реализира без посредници, директно со вашата поддршка.
Јас, Никола, ја водам лично, со желба да остане слободна, отворена и насочена кон суштината: едукација, творештво, креативност и хуманост.
Едукативните и мултимедијалните содржини, како што се курсеви, музички пакети, алатки и други ресурси се достапни без комерцијална цена, но со можност за доброволна поддршка со препорачан придонес. Бесплатна верзија е секогаш достапна за оние што немаат можност да поддржат. Придонесите се примаат директно преку поддржувачка сметка и се користат исклучиво за развој на платформата, нови содржини и општествено-корисни проекти. Што се однесува до хуманите иницијативи, како што се „Твори-Читај-Биди Хуман“ и е-списанието „Универзумот зборува“ тие се водени од Софија.
Вашата поддршка е чин на доверба и за тоа од срце ви благодарам.
-- Никола Дио Петковски
(Енигма иноватор и креатор)
ЕНИГМА ДЕЛУВА ВО СЛЕДНИТЕ ОБЛАСТИ:
- Хуманистичка Школа: Образовни и едукативни програми кои вклучуваат курсеви и предавања фокусирани на хуманистичките науки, филозофија, култура и духовност надополнети со технолошки решенија за онлајн учење, дигитални ресурси и интерактивно искуство со препорачан придонес кој помага во развојот на понатамошните образовни проекти.
- Книжевно Созвездие: Публикации и самостојно објавување на книги со едукативна и хуманитарна вредност. Преку поддршка со препорачан придонес се поттикнуваат автори и уметници, со цел нивните дела да придонесат кон општото добро. Во рамки на оваа иницијатива се развиваат и тематски едукативни рубрики како дел од широката образовна мисија на Енигма. Тие се организирани во три целини: Астро Галаксија (астрологија и космологија), Живот во рамнотежа (личен развој), и Семејно стебло (педагогија и семејни вредности).
- УНАП заедница: Обединета група на академски професори кои се ангажирани во истражувања, организирање на онлајн собири и понудување на поддршка за личен и професионален развој. Оваа група го охрабрува образовниот развој, размена на идеи и поддршка на движењата кои се засноваат на критичко размислување и напредок.
- ЛУНА колектив: Заедница составена од луѓе кои преку лојалност, учество, напредок и акција придонесуваат во хуманите и креативните иницијативи на Енигма. ЛУНА ги обединува оние што сакаат да делуваат активно во проекти од пошироко значење, како што се хуманитарните акции, едукативните списанија и културните иницијативи.
- Мултимедијален облак: Креирање и дистрибуција на аудио и визуелни содржини (аудио, видео, анимација, апликација). Овие ресурси бесплатно се достапни за сите, а препорачаниот придонес помага во понатамошната продукција и поддршка на креативниот труд.
- Хуманитарни проекти: Преку нашиот фокус на хуманитарни цели, се спроведуваат проекти кои вклучуваат пишување на книги, е-списанија и други ресурси кои имаат за цел да помогнат онаму каде што е најпотребно, како и поддршка на уметниците и гостите кои учествуваат во истите проекти.
- ЕОН токен: Во основата на Енигма екосистемот се гради и иновативен дигитален слој - ЕОН Токен. ЕОН ќе овозможи нови начини за поддршка, наградување и соработка низ сите проекти и активности на Енигма. Овој токен е во својата почетна фаза и постепено ќе биде интегриран како дел од идните функционалности на екосистемот.
Енигма ја вреднува транспарентноста и посветеноста кон развојот на заедничката визија. Со оваа структура на активности, ние целиме да обезбедиме професионален и квалитетен простор за едукација, хуманитарни активности и поддршка на креативни изрази, со цел да направиме позитивни промени во општеството како хуманистичко движење. Посветени сме на создавање ресурси и активности кои не само што се културно и едукативно значајни, туку имаат и длабок хуманитарен ефект, сè во името на поврзување и поддршка на иницијативата.
Визија
Визијата на Енигма е да создаде глобална мрежа која ја поддржува и охрабрува хуманистичката едукација, креативноста, иновацијата и хуманитарниот дух, со отворени платформи кои ги поврзуваат луѓето низ знаење, уметност и технологија. Ние веруваме во развојот на индивидуи кои со своето знаење, креативност и хуманитарна свест можат да создадат позитивни промени во светот.
Се стремиме да овозможиме пристап до што е можно повеќе бесплатни едукативни материјали во различни форми – текст, аудио, видео и интерактивни содржини, како и да го поддржиме независното издавање на книги, скрипти и дигитални изданија со етички, транспарентни и хуманистички стандарди.
Ние инспирираме љубопитност, истражување, солидарност и хуманост, создавајќи ресурси што се достапни за сите, без ограничувања.
Мисија
Нашата мисија е да овозможиме пристап до висококвалитетна едукација, ресурси и хуманитарни активности за сите оние кои сакаат да ја подобрат својата заедница, да се развиваат интелектуално и да придонесат кон општествената добробит. Користиме платформи за размена на идеи, самостојни публикации, предавања и мултимедиски содржини кои имаат за цел да создадат вредност за личен и општествен развој, сето тоа во служба на хуманитарните проекти.
Преку нашите иницијативи и отворени стандарди за независно творештво (како ABSN, eCIP, EVS и HDS), го поддржуваме самостојното објавување и промоција на дела што носат вредност и глас на авторот.
Сите наши предавања, е-списанија и дигитални креации се достапни преку модел на поддршка со препорачан придонес, со што ја поттикнуваме културата на споделување знаење и поддршка на хуманитарни иницијативи.
Цел
1. Да понудиме пристап до образовни програми и ресурси кои ќе придонесат за интелектуален раст, критичко размислување и личен развој.
2. Да развиеме отворени платформи за размена на идеи, соработка и поддршка меѓу академци, професори, истражувачи и сите заинтересирани за хуманистичка едукација.
3. Да организираме и поддржуваме хуманитарни проекти преку напишани книги, е-списанија, независни публикации и креативни изданија, насочени кон подобрување на квалитетот на живот во заедниците.
4. Да градиме хумани и отворени заедници, како УНАП и ЛУНА, преку кои се развива меѓусебна поддршка, пријателство, професионализам и промоција на хуманите вредности, со што се создава стабилна основа за долгорочен раст и општествена промена.
5. Да создадеме и дистрибуираме бесплатни и достапни мултимедијални содржини (текст, аудио, видео и интерактивни материјали), а воедно и да поттикнеме култура на препорачан придонес, како начин за поддршка на хуманитарни и образовни иницијативи.
6. Да овозможиме системи за идентификација, каталогизација и етичка заштита на авторски дела преку хуманистички стандарди со цел секое творештво да добие препознавање, интегритет и простор за споделување.
7. Да изградиме нов модел на дигитална поддршка преку ЕОН токенот, кој може да функционира како симболичен поен-систем или дигитална вредност. Со него ќе се поттикнува учество, донации и ангажман, а во иднина ќе овозможи нови начини за наградување, промоција и поддршка во рамки на екосистемот.