📕 СПИСАНИЕТО E ДОСТАПНО КЛИКНЕТЕ ТУКА.
LRS - Linguistic Review Standard
LRS

LRS - Linguistic Review Standard

LRS е етички стандард за јазична редакција. Тој потврдува дека делото поминало низ детална проверка на изразот, без разлика дали е извршена од авторот, соработник или со помош на AI технологија.

Зошто LRS?

Во светот на независното творештво, професионалната лектура често е недостапна. LRS нуди „среден пат“ – стандард кој ја нагласува јазичната одговорност. Кога ќе ја видите оваа ознака, знаете дека има:

  1. Јазична совесност: Авторот вложил свесен труд во јазична усогласеност и читливост.
  2. Транспарентност: Јасно се дефинира начинот на кој е извршен прегледот (самостојно или со технолошка поддршка), со што се потврдува искрениот пристап кон читателот.
  3. Достоинство на зборот: Стандардот е симбол на почит кон читателот преку грижа за јазикот, граматиката и духот на изразот.

Кој може да го користи?

Стандардот е наменет за автори кои:

  • Сами го вршат јазичниот преглед на своите дела (дигитални или печатени).
  • Користат AI алатки (Gemini, LanguageTool и сл.) за корекција и стилско обликување.
  • Вршат независни преводи со хуманистички намери.
УСЛОВ: Делото мора да поседува валиден ABSN код.

Што е дозволено?

  • Самостојна корекција: Авторот може сам да биде свој јазичен проверувач.
  • Технолошка поддршка: Користење на софтвер за проверка на правопис и граматика.
  • Хуманистички преводи: Примена на LRS врз преведени текстови за да се потврди дека се преведени совесно и во духот на оригиналот.

Што НЕ е дозволено?

  • Лажно претставување: Користење на LRS за симулирање на формална лектура од лиценциран лектор.
  • Јазична негрижа: Користење на ознаката за дела кои се очигледно нечитливи или полни со грешки.
  • Комерцијална злоупотреба: Користење на името за цели надвор од етиката на ЕНИГМА.

Како да го поставите?

LRS се поставува во импресумот или на почетните страници на делото. Можете да ја користите целосната реченица:

„Ова дело е јазично прегледано според LRS – Linguistic Review Standard. Референтен извор: [enigma.codeberg.page]

Или уште поедноставно, во самиот блок на импресумот каде што се наведени: едиција, категорија, рецензија и други - само додадете:

Јазична редакција: LRS – Linguistic Review Standard

Совет: Втората опција е особено погодна за печатени изданија каде естетската минималност е важна.

LRS симбол

Превземете го симболот со десен клик. Доколку сакате, вметнете го во вашето дело. Важно е да се запомни дека текстуалната референца во импресумот е она што го дефинира стандардот, додека симболот е само визуелен додаток.