Што претставува УНАП?
УНАП - Унија на Академски Професори претставува независна и неформална заедница преку која се овозможува меѓусебна поддршка и развој во областа на онлајн едукацијата. Станува збор за група од повеќе дипломирани професори кои се директно или индиректно инволвирани во неформалната едукативна иницијатива на ЕНИМА, даваат голема поддршка на самостојната едукација и веруваат во едно подобро учење во нашето општество, но и пошироко.
УНАП организира меѓусебни образовни конференции со членовите од заедницата за размена на искуства, интереси и знаења, сè за цел да се оформи што е можно подобра содржина која потоа се користи за создавањето на курсеви од неформалната едукативна иницијатива „Хуманистичка школа“. Се води дискусија на различни теми, разрешување на конфликти и оформување на нови идеи кои се применуваат во едукативниот процес.
Преку УНАП членовите даваат поддршка на програмата за самостојно учење, а воедно и се хумани со нивните едукативни истражувања, материјали, преводи, или пак со нивното присуствување на нашите онлајн образовни конференции. Аплицирањето за членство може да се разбере како предуслов за ваше верификување за да можете да бидете дел од заедницата доколку вашите предиспозиции, познавања и искуства се во склад со потребите на „Хуманистичката школа“.
УНАП прави интервју на оние кои аплицираат да бидат дел од заедницата за меѓусебна соработка. Откако ќе поминете низ тој процес, Ви се доделува:
Диплома за верификуван професор за соработка со неформалната едукативна иницијатива „Хуманистичка Школа“ од ЕНИГМА. Истата можете да ја користите исклучиво само кон соработката со нас.
Преку оваа заедница на здружени и дипломирани професори се зацврстува вредноста на сертификатите што исклучиво е важно за ЕНИГМА, но воедно и се подобрува начинот на предавањето и квалитетната едукативна содржина.
Придобивки од нашата соработка
- Станувате дел од заедницата и ја претставувате истата;
- Можност за присуство на различни образовни конференции;
- Делувате хумано и придонесувате во едукативниот процес;
- Ваше промовирање од едукативен и литературен карактер;
- Оформуваме заедница, дружба, меѓусебна поддршка и разбирање.
Биди дел од заедницата
Во денешно време зборовите: професор, наставник, тренер или учител често се користат без вистинска тежина, понекогаш и надвор од соодветен контекст. Сè почесто, лица без формално образование или експертиза зборуваат на важни теми, користејќи го интернетот и рекламирањето за да се претстават како авторитети. Тоа доведува до искривување на вредностите поврзани со овие значајни професии. Токму затоа го започнавме ова движење, како реакција на тој тренд и со тоа започна процесот на оформување на независна заедница. Наша заедничка цел е да ги вратиме автентичноста и достоинството на академските и хуманистички професии, и да изградиме подобра иднина преку знаење, етика и вистинска вредност.
Да бидеме пример за другите преку интегритет, знаење, заедништво и отвореност. Отвореност кон нови идеи. Кон слободно знаење. Кон технологии кои ослободуваат - не ограничуваат. Отвореност што гради мостови меѓу луѓето, а не ѕидови меѓу системи.
Верификувањето преку УНАП ви дава вредност како академски соработник и отвора можност за директна или индиректна соработка исклучиво со нашата неформална едукативна иницијатива „Хуманистичка школа“ од ЕНИГМА.