📕 СПИСАНИЕТО E ДОСТАПНО КЛИКНЕТЕ ТУКА.
Колектив

Што претставува ЛУНА?

ЛУНА – Колектив за Лојалност, Учество, Напредок и Акција е иницијатива и заедница составена од луѓе кои веруваат во силата на заедништвото и меѓусебната поддршка. Нашата мисија е да ги обединиме оние што сакаат активно да придонесат во хумани, културни и креативни проекти, да промовираат позитивни промени и да градат подобро општество за сите нас.

луна-лого
Официјалниот беџ на ЛУНА

Колективот ЛУНА ја вреднува лојалноста како основа за доверба и сигурност меѓу членовите, учеството како активно вклучување во заедничките иницијативи, напредокот како стремеж кон постојан личен и колективен развој, и акцијата како вистинска реализација на идеите.

ЛУНА е отворена за секој кој сака да делува креативно, да промовира култура, образование и уметност, но и да поддржува хумани акции што носат светлина и надеж. Членството во овој колектив не се добива со апликација, туку со дело, преку учество во проекти како што се „Твори - Читај - Биди хуман“, е-списанието „Универзумот зборува“ и други иницијативи што ќе произлезат од ЕНИГМА во иднина.

Нашата визија е да изградиме жив и динамичен колектив кој не само што делува, туку и инспирира. Во ЛУНА, секоја акција има смисла, секој глас има тежина и секој човек има шанса да остави трага.

Придобивки од делувањето во ЛУНА

  • Станувате дел од заедница на луѓе кои се движат со исти вредности.
  • Имате можност да учествувате во хумани и креативни проекти и да ја поддржувате креативноста на членовите на ЛУНА. Доколку некој од членството создава музика, готви, одгледува растенија, цвеќиња или мед, произведува рачни изработки или организира настани (онлајн или на отворен базар), колективот се обединува за да помогне преку споделување, промоција, присуство, донација или мотивација.
  • Вашите идеи и иницијативи добиваат простор за реализација и промоција, вклучително преку блогот на ЕНИГМА (enigmazapisi.substack.com), каде што членовите можат да објават статии и слики за своите креативности.
  • Внесувате личен печат во културниот и општествениот развој.
  • Се создаваат пријателства, соработки и заеднички успеси.

Нашата порака

Да бидеме ЛУНА! Светлина во темнината, потсетник дека заедно можеме да изградиме посилна, похумана и поотворена иднина. Како што месечината ја одразува светлината на сонцето и ја споделува со целиот свет, така и ние во ЛУНА веруваме дека секој човек носи светлина во себе што може да ја пренесе на другите.

Нашата сила е во заедништвото: во малите гестови на хуманост, во споделените идеи што инспирираат, во акциите кои оставаат трајна трага. Нашиот колектив е симбол на надеж и напредок, место каде што секоја искра од енергија и добрина станува дел од едно поголемо светло што ја осветлува иднината.

ЛУНА е повик да делуваме, да споделуваме и да се издигнуваме заедно.