📕 СПИСАНИЕТО E ДОСТАПНО КЛИКНЕТЕ ТУКА.

Број 1


Добредојдовте во првото издание на „Универзумот зборува“, е-списание родено од хуманистичкото движење ЕНИГМА. Ова дигитално списание е наш обид да создадеме мал космос од идеи, креативност и човечност, простор каде секој читател може да најде искра што ќе го поттикне да истражува, да учи и да се развива.

Во ова дигитално списание ќе прочитате уметнички творби од автори кои зборуваат со душа, интервјуа со личности кои инспирираат, психолошки теми што нè насочуваат кон подобро разбирање на себе и светот. Кратките рубрики ќе ве поведат низ астрологијата, здравјето, семејните вредности и малите мудрости што го збогатуваат секојдневието.

Љубителите на технологијата исто така ќе пронајдат агол за себе, едноставни, јасни и корисни теми за Линукс и важноста од бесплатниот софтвер. Ќе ви претставиме и новообјавена книга и авторка чија мудрост заслужува да допре подалеку.

„Универзумот зборува“ е наш потсетник дека секоја мисла, секоја приказна и секоја идеја има свое ехо и доволно е само да застанеме и да го слушнеме.
Ова е-списание е заштитено со HDS - Humanist Defense Standard. Дозволено е зачувување за лична употреба, но се забранува негова комерцијална експлоатација, неовластена измена или препродавање.