Воин во бессони ноќи
Далибор Стојанов
Литературно дело
Поезија
Далибор Стојанов е страствен воин во својот живот, каде негов меч и штит е љубовта. Тој војува со чисто и искрено срце што безрезервно и целосно го предава на секој момент што животот му го носи, а од секоја победа или пораз песна како порака од душата се откинува. Запишаните стихови се само бумеранг на неговите чувства.
Таков спој на чувства или споени стихови во песни е книгата на Далибор Стојанов со наслов „Воин во бессони ноќи“. Љубовта ја карактеризира неговата зрелост како човечко битие со точно одредени желби, замисли и очекувања. Она што допира до читателот е начинот на кој авторот како припадник на посилниот пол ја доживува љубовта.
Саканата личност е негова инспирација во животот, неговата муза, во чии допири целосно ја препушта својата физичка и психичка свесност, благодарејќи на Бога за она што го има, за она што го дава и добива за возврат.
Доколку сакате примерок од книгата контактирајте го авторот.