📕 СПИСАНИЕТО E ДОСТАПНО КЛИКНЕТЕ ТУКА.

Расказите раскажуваат

Елеонора Николовска
Литературно дело
Проза


„Расказите раскажуваат“ е книга кој не е наменета за одредена целна група, односно одредена возраст така што во едно семејство би требало секој член да пронајде допадливо четиво, од најмладиот до највозрасниот. Расказите се со различни нијанси и длабочина, а опфаќаат широк спектар на теми и жанрови. Она што посебно ја прави интересна оваа книга е впечатокот дека пред себе имаме своевидно урбано четиво на новото сегашно време и толкувања и прашања кон кои авторот внимателно приоѓа откривајќи едно време и неговото значење.

Книга за животните вистини, вредности, состојби за самиот живот пред кои самите ние, понекогаш несвесно затвораме очи и кога тоа не го сакаме.Многу реална, жива, динамична слика за она што сме ние, светот денешен, она што е добро, она кое треба со љубов и внимание да го негуваме, објективна, живописна, реална, стварна…..

Доколку сакате примерок од книгата контактирајте го авторот.