📕 СПИСАНИЕТО E ДОСТАПНО КЛИКНЕТЕ ТУКА.

Продолжи да одиш

Елена Симоновска
Литературно дело
Проза


Софија доживува сообраќајна несреќа откако дознава дека Филип, момчето со кое неколку години се во врска и се свршени, ја изневерува. Од сообраќајната несреќа се здобива со неколку послаби скршеници, но срцето и е непоправливо скршено од ова неверство. Филип се кае за неверството и бара прошка, но скршеното срце на Софија не може да го прости неверството. Минува низ тежок период, но покрај неа се семејството и пријателите кои се нејзина голема поддршка.

Дали ова скршено срце може да се опорави и да продолжи да оди напред, па и да љуби? Љубовта ја бараме далеку од нас, ама понекогаш може да е близу нас, но да не ја гледаме и препознаваме. Зошто е тоа така? Како една девојка може да се крене над болката од неверство и да продолжи да оди? Како едно скршено срце може да продолжи да љуби?

Емотивна приказна која ќе ги допре вашите срца и ќе ве освои.

Доколку сакате примерок од книгата контактирајте го авторот.