📕 СПИСАНИЕТО E ДОСТАПНО КЛИКНЕТЕ ТУКА.

Молкот на страдањето

Ивана Глоѓуновска
Литературно дело
Проза


Дали животот беше испишан според нејзините правила? Животот знае да задава страшни и остри удари, но ударите што ѝ ги задава на малата Ана се толку постојани што не може да се исправи да го види сјајниот ден. Секој нов удар за неа е и нов предизвик кон нова цел за кревкоста во неа и за тоа како таа толку малечка да му се спротистави на животот. Начинот на кој таа го надминува сето тоа и со што сѐ мора да се соочи е поттик за секого да изоди цврсто и храбро низ сѐ што животот ќе му зададе.

Таа е само дете, таа е толку невина, но таа се повлекува во еден поинаков свет, свет без постојаност каде молкот и стравот се врежани во душата неспокојна. Не затоа што таа го посакува тоа, напротив го посакува истото што го посакуваат и другите деца, но одземена ѝ е можноста да го има она што му припаѓа на секое дете. Тоа продолжува да трае и кога Ана ќе стане тинејџерка, но до кога ќе трае агонијата низ борбата за подобар живот- ќе откриете во оваа книга. Вистинската приказна на Ана нѐ води низ битката на животот, низ молкот на страдањето.

Доколку сакате примерок од книгата контактирајте го авторот.
EnigmaLearn
EnigmaVerify
eKatalog
EnigmaFree
Курсеви
Материјали
Библиотека
Е-списание
Стандарди
Формулари
Блог
Видеа