📕 СПИСАНИЕТО E ДОСТАПНО КЛИКНЕТЕ ТУКА.

Кула од карти

Елена Симоновска
Литературно дело
Проза


Животот на Софија и Марко и на нивото синче Тадеј, по случувањата од романот ,,Продолжи да одиш" , изгледа како од бајка. Тројцата се многу среќни и животот им е исполнет со весели моменти, забави, прослави и патувања. Животот го продолжуваат во Австрија, каде што живеат и работат и сѐ е прекрасно за нив тројца.

Но, многу често постои едно „но“, а овде тоа „но“ е една вечер кога целиот живот им се превртува, кога доаѓа до тотален хаос во нивниот живот, кога Марко е тешко повреден, а малиот Тадеј е киднапиран. Софија е оставена сама во очај да се бори и сфаќа дека животот е како кула од карти, ако само една карта се повлече, може целата кула да се сруши.

Дали и нивната „кула од карти“ ќе се сруши или сепак приказната ќе заврши со среќен крај,ќе дознаете доколку ја прочитате оваа книга.

Доколку сакате примерок од книгата контактирајте го авторот.