Како тајно ги мамев чувствата
Далибор Стојанов
Литературно дело
Поезија
Стихот е слика и игра на зборови и чувства. Зборови кои произлегуваат од душата на поетот. Зборови кои го соголуваат поетското срце и го разоткриваат поетот во целост. И понекогаш кога сакаме да ги сокриеме чувствата, крикот на срцето ни ги открива копнежите, желбите и страстите. Токму на оваа тема зборува оваа збирка поезија „Кога тајно ги мамев чувствата“ од авторот Далибор Стојанов.
Песните за оваа љубовна лирика се собираат од 2001 година и тие низ времето созреваат исто како и чувствата и страста на самиот поет. Низ стиховите на оваа љубовна поезија се чита искреност и невиност, како и желба за искрена љубов и страст.
Доколку сакате примерок од книгата контактирајте го авторот.