📕 СПИСАНИЕТО E ДОСТАПНО КЛИКНЕТЕ ТУКА.
Едно слонче со црвено балонче

Едно слонче со црвено балонче

Софија Петковска
Фактогравско дело
Детски прирачник


„Едно слонче со црвено балонче“ е персонализирана едукативна книга за деца, создадена со љубов и посветеност од авторката Софија. Во ова дело, малите читатели ќе најдат место за своето име, фотографија и свои мисли, а преку умни цитати од познати личности ќе учат за животот и вредностите.

Книгата содржи поезија и раскази со морална поука, гатанки на кои децата сами ги запишуваат одговорите, индекс на непознати зборови за полесно учење и посебен дел за боенка, каде што одговорите на гатанките се кријат во цртежите.

Оваа книга е пријател и учител, која преку игра и збор ќе им подари на децата нови знаења и радост.

Доколку сакате примерок од книгата контактирајте го авторот.